Заев: Застанавме зад кандидати на ДУИ во кои верувавме, иако релано се изгоревме

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека жали што на локалните избори поддржале некои кандидати на ДУИ. Тој го посочува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко како личност за која се „изгореле“ со поддршката.

Заев зборува и за можните коалиции по избори, за справувањето со корона-кризата, за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес. Како најголемо разочарување од својата власт ги посочува дел од администрацијата за која вели дека е кочничар и правосудството.

На прашањето зошто СДСм чекала три години ако била тешка соработката, Заев вели дека нема многу изборни опции во делот на изборите.

„Немате многу опции во политиката во делот на изборот. Да ве потсетам Вас и сите што не следат дека добивме 49 пратеници после „бомбите“, после отворање на целиот криминал,комплетната запустеност на државата и опциите преку бројките наши, кои граѓаните преку гласање ни даваат се опциите кои ви стојат на располагање. Буквално не постоеше друга опција освен коалиција со ДУИ за да може да се направи парламентарно мнозинство. Нормално сите други помали партии беа со пет пратеници, со три пратеници, со два пратеници кои едноставно не даваа опции на возможна парламентарна коалиција за доволно парламентарно мнозинство“, вели Заев.

За калицијата со БЕСА Заев вели дека дошло до соработка бидејќи имале заеднички концепт во кој веруваат.

„Политички ставови се градот логично на моментот на којшто настапувавте. Тогаш беа локални избори. Ние бираме кандидати зад кои застануваме. Имаше кандидати зад кои и не се појавивме или тие не се појавија зад наши кандидати. Но застанавме зад соодветни кандидати во кои верувавме, иако се изгоревме реално со некои кандидати. Бевме заедничка коалиција.Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заедничко концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично“, изјави Заев.

Слични содржини