Зафатени 100 хектари со борова и дабова шума во пожар на Осоговските Планини

од Milan1
16 прегледи

Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани.

-Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста борова и дабова шума и ниска вегетација. На површина од 100 хектари пламените јазици достигнуваат и до 20 метри, а веќе се изгорени квалитетни борови стебла. Обид за локализирање на пожарот имаше и од воздух, со поддршка на хеликоптери што се под надлежност на Центарот за управување со кризи. Засега гасењето е неуспешно, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Според информациите од пожарникарите кои се наоѓаат кај селото Пресека, од пожарот е загрозена и викендичка во која престојувале луѓе.

Од ТППЕ – Кочани нагласија дека борбата со огнената стихија ќе биде тешка, а противпожарните единици на терен ќе останат и во текот на ноќта.

Слични содржини