Загадувањето на воздухот во Делхи достигна „неподносливо ниво“

од Vladimir Zorba

Загадувањето на воздухот во северна Индија достигна „неподносливо ниво“, соопштија индиските власти.

Според Би-Би-Си, во многу делови на индиската престолнина Њу Делхи, воздухот денес достигна опасно ниво на загадување што може да доведе до респираторни заболувања, при што градските совети ги советувале жителите да останат во своите домови.

Британскиот јавен сервис наведува дека многу училишта се затворени во Њу Делхи, биле пренасочени околу 30 летови на авиони, а престанале многу градежни работи, со густ облак од смог над градот.

Локалните власти во индиската престолнина ги советувале жителите да избегнуваат физичка активност надвор од нивните домови, особено наутро и доцна попладне, како и да носат заштитни маски и да ги држат вратите и прозорците на нивните домови затворени.

Слични содржини