Загина еден од планинарите кои беа исчезнати кај Титов Врв

од Nikola Popovski

Загина еден од планинарите кои беа пријавени за исчезнати на падините од карпа на Шарпланина во реонот кај Титов Врв.

-Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени едно од лицата е извлечено од местото на настанот и моментално со возило е упатено кон Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму додаваат дека настанот вчера пријавен на 112 хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле.

-На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово (МВР – ЦИК Тетово). Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е попомалку повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор. Веднаш по добиената информација, ЦУК, практично преку Дежурниот оперативен центар во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната единица на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК преку РЦУК Тетово, е координирано со Брзата помош од Јавната здравствена установа ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот, стои во соопштението од ЦУК.

Слични содржини