Загина македонски граѓанин во Италија

од Nikola Popovski

48- годишен македонски работник по потекло од општина Центар Жупа го загубил животот, на градилиште во Италија.

-Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

Слични содржини