Почетна / Глобално / Загинаа 183 бегалци во близина на брегот на Либија

Загинаа 183 бегалци во близина на брегот на Либија

Дури 183 тела беа пронајдени на брегот на либискиот град Зувара по бродолом минатиот месец, информира агенцијата ДПА.

4817b0c09d0c0e079b0295afd29a2b6c_600x460

Бродоломот успеале да го преживеат само 197 лица, а 70 лица исчезнаа без трага, објави порталот “Мигранти репорт”, кој го следи движењето на мигранти од Либија.

– Неподносливи се размерите на оваа трагедија, изјавил за сајтот волонтер од Либискиот Црвена полумесечина.
Се верува дека преживеаните се испратени во затвори во Триполи.

loading...