Загреб го погодија 9 земјотреси во последните 24 часа: Најсилниот бил 2,1 степен

од Aleksandar Petrovski

Во последните 24 часа, хрватската сеизмолошка служба регистрираше на подрачјето на Загреб уште девет земјотреси со јачина околу 1,3 степени, со епицентри лоцирани во областа Маркушевац.

Од нив, најсилните два се забележани рано утрово на 1.17 часот и 7.12 часот со јачина од 2,1 степени.

Загреб во неделата претрпе земјотрес со јачина од 5,8 степени, предизвикувајќи значителна материјална штета во кој загина и 15-годишно девојче.

Слични содржини