Загреб: Шестте примероци се негативни на коронавируcот, доаѓаат пет нови сомнителни лица од Риека

од Nikola Popovski

Во клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, се тестираат вкупно шест примероци за коронавирус (COVID-19) – еден од Сплит и Ријека и по два од Загреб и Сисак, објави попладнево клиниката.

Откриено е дека сите примероци се негативни на коронавирус.

„Сите наши тестирања се негативни“, кратко ни изјави министерот Берош.

Но како што пишува Дневник, уште пет примероци доаѓаат од Ријека вечерва.

Поради спречување на коронавирус, Хрватска воведе од вечерва здравствен надзор за сите лица кои доаѓаат од италијанските провинции Венето и Ломбардија, а и понатаму важат контролните мерки за сите лица кои престојувале во Кина и Јужна Кореја пред 16 февруари, објави во понеделникот, Кризниот штаб на Министерството за здравствена заштита.

Слични содржини