Загрижени граѓани: Изградба на нов објект на Водно претставува опасност за ново свлечиште (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Преку ноќ започна да се копа дупка за изградба на објект кој претставува опасност за ново свлечиште, објаснуваат за „Локално“ загрижени жители од скопската населба Водно, кои до нашата редакција испратија видео од моменталната состојба на местото каде треба да биде „никне“ нов објект.

– Стравуваме за својата безбедност бидејќи самата јама е поткопана и претставува закана за безбедност и можност за повлекување на веќе изградената зграда која е во нејзина близина. Случајот го пријавивме во општина, оттаму ни рекао дека ќе бидат поствени потпорни ѕидови, но не кажаа кога тоа ќе биде, велат жителите од оваа населба.

Тие објаснуваат дека поради изградбата на новиот објект се принудени да кружат со своите автомоблили бидејќи на улицата „Славејко Арсов“ број 86 е поставена табла и никој нема пристап на таа улица.

„Локално“ го побара инспекторот кај кој е пријавен случајот, но тој не одговори на нашите повици.

Б.М.

Слични содржини