ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Три милијарди луѓе во светот немаат услови да ги мијат рацете!

од Vladimir Zorba

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови во своите домови за одржување основна хигиена на рацете.

УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста на основната хигиена како миење раце за милиони луѓе значи зголемен ризик од инфекција со коронавирусот и други болести.

Според извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Светскиот ден на миењето на рацете, во најмалку развиените земји, скоро три четвртини од населението не може да ги мие рацете дома.

Околу 43 проценти од училиштата во кои одат 818 милиони ученици немаат можност да ги мијат рацете со вода и сапун, а во најсиромашните земји процентот на училишта без место за миење раце се зголемува на дури 70 проценти, пренесува „UN News“.

Извршната директорка на УНИЦЕФ за вода и хигиена, Кели Ен Најлор истакна дека пандемијата на коронавирусот ја посочи клучната улога на хигиената на рацете во превенцијата на болестите и оцени како неприфатливо дека најранливите заедници не се во можност да ги користат наједноставните методи за заштита на животот.

Затоа УНИЦЕФ, заедно со Светската здравствена организација (СЗО), ја започна иницијативата „Хигиена на рацете за сите“, со цел да се подобри пристапот до места за миење раце, вода, сапун и средства за дезинфекција во сите средини.

loading...

Слични содржини