Загубите од криминал со криптовалути се зголемиле на 4,52 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Загубите од криминал со криптовалути значително се зголемија минатата година на 4,52 милијарди долари. Ова е скоро 160% повеќе во однос на 2018 година, кога штетата се проценуваше на 1,78 милијарди долари, се вели во анализата на CipherTrace.

Според извештајот, загубите на корисници и инвеститори како резултат на измама и злоупотреба се зголемиле тројно, додека загубите од хакерство или кражба се намалени за 66% во 2019 година.

Аналитичарите забележуваат дека од пуштањето на биткоин пред повеќе од 10 години, владите и регулаторите во светот се соочиле со нетраспарентност на пазарот за криптовалути, што довело до огромни загуби за инвеститорите.

Во извештајот на CipherTrace, исто така, се вели дека нелегалните услуги за криптовалути, вклучително и размена на бироа, ги користат мрежите а плаќања на скоро сите 10 најголеми банки на Америка за пренесување на средства, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите велат дека типично голема американска банка извршува „тајни“ операции, сврзани со криптовалути, вредни милијарди долари на годишно ниво.

Слични содржини