Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Захариева: Антибугарската реторика во Македонија е поради изборите

Захариева: Антибугарската реторика во Македонија е поради изборите

Антибугарската реторика во Северна Македонија е поради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари, смета шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева.

– Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, кој е заради претстојните избори во земјата. Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја, изјави Захариева за БНТ.

Вели дека таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови. Смета дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Стопирањето на работата на заедничката комисија со Македонија – беше на нивно барање заради претстојните избори. Но, не го прифаќам аргументот дека работата на комисијата треба да запре пред изборите, бидејќи е составена од историчари, а не од политичари и никој не и дава политички инструкции, рече Захариева.

loading...