Захариева и Бучковски остварија средба: Бугарија и предложи на С.Македонија акционен план во различни сектори

Шефицата на дипломатијата на соседна Бугарија,  Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, изјави за БГНЕС прес-центарот на Министерството за надворешни работи.

За време на состанокот беа разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

Република Бугарија предложи акционен план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Направен е преглед на спроведувањето на голем број практични обврски, за што нашата земја најде задоцнување.

Слични содржини