Захариева: Очекувам две нови членки на ЕУ до 2025 година

од desk2

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева денеска изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европска унија до 2025 година.


Захариева во Софија учествува на конференциијата на Европскиот економски и социјален комитет, на која е побарано интеграцијата на Западен Балкан да остане главен приоритет на ЕУ.

Таа ја нагласи улогата на цивилното општество во социјално економскиот развој и поврзувањето со Западен Балкан.

Претставниците на европските и регионалните цивилни општетства истакнаа дека проширувањето на ЕУ посебно ширењето на демократските вредности и правни стандарди, како и демократските вредности и правни стандарди на Унијата во регионот на Западен Балкан, е во интерес како на земјите од регионот така и на ЕУ.

Учесниците на Конференцијата посочија дека иако економиите на земјите од Западен Балкан и понатаму бележат раст, земјите од регионот остануваат меѓу најсиромашните во Европа. Се проценува дека целосното приближување до животните стандарди на ЕУ би можело да трае и до 40 години.

Во завршната декларација на Конференцијата на Европски економски и социјален комитет се наведува дека е во интерес на сите регионот на Западен Балкан што побрзо да се приклучи кон ЕУ.

– Промовирањето на вредности на ЕУ во регионот гарантира безбедност и стабилност, го унапредува општетстгвениот и економски развој како и демократијата и владеењето на правото во овие земји, што претставува и стабилност и безбедност за ЕУ, се посочува во декларацијата.

Слични содржини