Захариева по статусот на Иванов дека е „Фригидна кучка“: Балканскиот сексизам нема свое место во ЕУ

Бугарската владејачка структура веќе подолго време говори за говорот на омраза кој се појавува на македонска страна, а поради кој меѓудругото добивме и вето за почеток на преговорите со ЕУ.

Вицепремиерката на Бугарија во гостување во „Здраво Бугарија“, уште еднаш потенцираше дека е срамота она што се случува со говорот на омраза во Северна Македонија, бидејќи како што вели, Заев веќе подолго време знае како и на кој начин државата го прекршува Договорот за добрососедство.

Дека е испратен сигнал и официјално, Захариева потврди и потенцираше дека меѓудругото во овој дел спаѓаат исто така и административните пречки.

„Повеќе од година и половина немаме одговор за програма за култура, образование и спорт. Дури сега тие одлучија да одговорат на предлогот на Министерството за одбрана Бугарија да им помогне во заштитата на воздушниот простор. Тие ја прекинаа работата на историската комисија кршејќи го договорот. Како жена, негодувам за нивниот јазик и сексизам. Балканскиот сексизам нема место во Европската унија “, вели Захариева.

Во своето гостување, министерката за внатрешни работи на Бугарија, посочи дека не ги зема лично македонските изрази, но дека е против таквиот наратив кон Бугарките. Идентично, посочи и дека вчера македонската страна за првпат изреагирала, откако претходно била неколкупати известувана од страна на Бугарија.

„Тоа е главната причина што сега не велиме„ да “. Кога 30 години не само што толерирате, туку и стимулирате државна политика заснована на омраза кон бугарскиот народ и Бугарија, не можете да бидете подготвени да започнете преговори за членство во ЕУ. Ова е во спротивност со европските вредности. Ова е нашиот аргумент “, истакна Захариева.

Инаку, за потсетување, ваквиот коментар на Захариева следува откако вчера во својот фејсбук статус бурно реагираше Зоран Иванов. Имено, тој покрај негативниот коментар за блокадата на Бугарија за Северна Македонија да ја добие преговарачката рамка, тој со остри вулгарности ги нападна Захариева и Дора Бакојани, сестрата на актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис.

Владата вчера како резултат на ова одлучи да го разреши Иванов како претседател на Извршен одбор на Македонската информативна агенција кој Бакојани и Захариева ги нарече „фригидни кучки“.

Слични содржини