Решението за исходот од кризата во Сирија може да биде само политичкo a не воено, истакна министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во врска со нападите  на САД, Велика Британија и Франција во Сирија .

  “Она што е многу важно и кон што се стреми целата меѓународна заедница, вклучително и Бугарија, е да се помине кон исполнување на резолуцијата на ОН за непречено политички транзиција. И во општата изјава на ЕУ, и на НАТО, и во нашето повикуваме  за продолжување на политичкиот дијалог. Ставот е дека нема друго решение во Сирија освен политичкото. Не мислиме дека воено решение е решение “, изјави Захариева.

Според Захариева има многу оправдани сомневања за тоа дека режимот на Башар Асад користел хемиско оружје при нападот од 7 април во Дума . Според неа   меѓународното право без сомнение е нарушено. Од 2013 година наваму имало податоци за над 34 пати, во кои е употребено хемиско оружје.

“Експертите се на место и самата организација за борба со хемиско оружје, објавија дека е подготвена  да започне истрага. Не мислам дека може истрагата да се компромитира. Експертите се таму, на нив треба да се им покаже целосна соработка. Ескалацијата на напнатоста е присутна. Денес Франција ќе предложи план за Сирија, поврзан со обновување на експертската мисија. Многу се надевам да се вратиме на масата на дипломатијата, кон резолуцијата на ОН од 2015 година за политичко решение во Сирија и тоа да биде нова глава, односно враќање кон старите решенија кои не се извршуваат   речиси една година “, повика Захариева.