Захарова: Да престане слушањето на „бриселските идеолози“ за нивната „мртва филозофија“

Планот на Австрија да ја купи руската вакцина против коронавирусот, Спутник V го разби митот за агресивна Русија што треба да се изолира, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

“Застрашувачки е да се замисли што се случува во рамките на бирократијата на Европската унија. Сега се разбива митот за агресивна Русија и потребата од нејзина изолација, кој се негува со години”, посочи таа, пренесе ТАС С.

„Соработка на заемна корисна основа и меѓусебно почитување – мотото на руската политика работи“, напиша Захарова на својот профил на Фејсбук откако австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека неговата земја планира да купи милион дози на Спутник В.

Таа исто така повика да се стави крај на слушањето на „бриселските идеолози“ со нивната „мртва филозофија“.

Слични содржини