Захарова: Денацификацијата на Германија не е завршена

Ако не се преземе ништо, ако овој процес не го запре самиот германски народ, тоа, пред се, ќе доведе до страшни последици по самата Германија, изјави Захарова

од Бети Божиноска

Пресретнатиот разговор на германските офицери покажува дека денацификацијата на Германија не завршена и дека оваа ситуација, ако не се промени, е опасна по земјата, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.

Според тие снимки, во кои учествуваат четворица германски офицери – меѓу кои и наалникот на Одделението за операции и обука на воздухопловните сили- офицерите, меѓу другото, разгледуваат како да ги испорачаат ракетите „таурус“ и како да ги обучат украинските војници да ги истрелаат тие ракети кон Кримскиот мост без Германците да ја прејдат „црвената линија“ и да станат директни учесници во војната во Украина.

„Тие, како што сфаќаме, не се денацифицирани до крај. Најмонструозно е – и тоа е факт, можете да проверите- дека, ако не се преземе ништо, ако овој процес не го запре самиот германски народ, тоа, пред се, ќе доведе до страшни последици по самата Германија,“ изјави Захарова на маргините на Светскиот фестивал за млади.

Според неа, германската страна треба да преземе одговорност во ситуацијата со протечените контроверзни разговори на офицери на Бундесверот, а не да соопштува дека треба да се расјасни ситуацијата.

„Ние, да бидам искрена, не очекуваме толку реакција колку објаснување. Тие не треба да ја разјаснат ситуацијата туку да одговараат за стореното,“ истакна Захарова.

Слични содржини