Захарова: ЕУ продолжува да се вовлекува во ќорсокак

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Европската унија со воведувањето нови антируски санкции продолжува да се вовлекува во ќорсокак.

– Така Европската Унија, со завидна упорност, продолжува да се вовлекува во ќорсокак – рече Марија Захарова.

Таа, исто така, го привлече вниманието на фактот дека во контекст на очигледната бескорисност на политиката на притисок врз Русија, „погубните последици од вежбите на санкциите на ЕУ врз различни сегменти на глобалната економија и безбедност, вклучително и земјите-членки на ЕУ, стануваат се повеќе и поочигледни“.

Седмиот пакет санкции на ЕУ вклучува забрана за директен и индиректен увоз, купување или пренос на злато од Русија.

Во него се вклучени и Сбербанк, мото-клубот „Ноќни волци“, Фондацијата Руски свет, актерите Сергеј Безруков и Владимир Машков.

Слични содржини