Захарова го предупредува Зеленски за Запорожје, се заканува со нуклеарна несреќа

од Nikola Popovski

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку Твитер го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „неговиот режим треба да прекине со провокациите околу најголемата нуклеарна централа во Европа“, мислејќи на онаа во Запорожје.

Таа, исто така, го обвини режимот во Киев за напади врз таа централа минатата недела.

Сега таа додаде дека „провокациите“ би можеле да доведат до „нуклеарна несреќа со големи последици што би се проширила многу подалеку од Украина“.

„Постојано нагласувавме дека Русија покажа најголема одговорност во однос на украинските нуклеарни постројки и направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди не само соодветно ниво на нуклеарна и физичка безбедност, туку и најголема можна транспарентност во ова прашање“, тврди Захарова во соопштението упатено до Киев.

Таа натаму наведува дека на крајот на јуни 2022 година, Русија, заедно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), предводена од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, подготвувала посета на оваа нуклеарна централа за да се потврди усогласеноста со безбедносните стандарди и имплементацијата на заштитни мерки, но дека посетата не се одржа бидејќи Секретаријатот на ОН одби да ја поддржи иницијативата на Секретаријатот на МААЕ под слабо оправдување за недоволна безбедност и лош тајминг за посетата.

Слични содржини