Захарова: Идното работење на „Северен тек 1“ ќе зависи од побарувачката и санкциите

од Vladimir Zorba

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека идната работа на гасоводот „Северен тек 1“, кој моментално е затворен поради редовно годишно одржување, ќе зависи од побарувачката на гас во Европа и од „едностраните санкции“.

Захарова, како што јави Ројтерс, рече дека годишниот ремонт на гасоводот, кој треба да заврши на 21 јули, бил однапред договорен со потрошувачите на гас.

Европа стравува дека Русија би можела да ги продолжи работите за одржување на гасоводот за дополнително да го ограничи снабдувањето со гас на континентот, што ќе ги доведе во прашање плановите на членките на Европската унија за полнење на складиштето со гас за зимата.

Слични содржини