Захарова: Ќе направиме се мисијата на МААЕ да дојде во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе направи се што е потребно експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната централа во Запорожје, најави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова и ги осуди „обидите да се попречи пристигнувањето на таа мисија“.

Захарова оцени дека официјален Киев ги разбира „несоодветните изјави кои доаѓаат една по една од Европската унија во обид да се освојат имагинарни политички поени“ како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ.

„Силно ги осудуваме обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата. Во тесна соработка со МААЕ и нејзиното раководство, ќе направиме се што е потребно експертите на Агенцијата да ја посетат нуклеарната централа и да дадат вистинска оценка за деструктивните дејства на украинската страна“, изјави Захарова.

Слични содржини