Захарова: Лондон поради русофобија ги запостави внатрешните прашања

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија ги концентрираше сите свои државни ресурси во соочувањето со Русија и поради оваа причина Лондон не е во состојба да се справи со внатрешните прашања, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи ги оставките во британската влада, таа на својот канал Телеграм објави дека изненадува обемот на внатрешните проблеми со кои се соочува Велика Британија, пренесува ТАСС.

„Лондон ги вложи сите свои сили во спротивставување на Русија и учество во конфликтите во Украина. Огромни финансиски трошоци, британски платеници, инструктори и клучни разузнавачки сили, сите мобилизирани за русофобија. Затоа тие не се во состојба да се справат со внатрешните проблеми“, напиша Захарова.

Слични содржини