Захарова: Невидено негативно известување за успесите на руската медицина на Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова смета дека негативните извештаи за успесите на руската медицина во западните земји, вклучително и развојот на вакцина против коронавирусот, добиваат невидени размери, пренесува „Спутник“.

Захарова потсети дека претходно можеле да се видат обвинувањата против Русија за наводно ширење дезинформации за коронавирусот.

Според неа, западните земји ги игнорирале сите повици од Москва да се пристапи рамномерно кон слободата на говор во услови на пандемија, а не на штета на јавната безбедност и здравјето на граѓаните.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на Ковид 19, што беше развиена од Центарот за научно истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и произведена заедно со рускиот фонд за директни инвестиции – „Спутник V“.

Во тек е испитување на уште една руска вакцина против коронавирусот „ЕпиВакКорона“, која ја развива Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ Роспотребнадзор.

Слични содржини