Захарова: ОН да обрнат внимание на одбивањето на барањето на Србија за враќање на војниците

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска го повика Секретаријатот на ОН да обрне внимание на одбивањето на барањето на Владата на Србија за враќање на српската војска и полиција на Косово, што е во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Зошто секретаријатот на ОН, кој е толку активен во однос на ситуацијата во Украина, не сака да ја цитира и чита резолуцијата 1244 на состаноците, повикувајќи ги соодветните сили да ја спроведат? Ова е документ за сите, само треба да се обрне внимание на тоа“, рече Захарова на редовната прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, минатата недела објави дека КФОР дал негативен одговор на барањето за враќање на српската војска и полиција на Косово и посочи дека тие „случајно“ го доставиле тој негативен одговор на Бадник.

Слични содржини