Захарова откри дали Србија побарала помош од Русија за ситуацијата со Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Србија не се обратила кон Русија со барање за помош за решавање на конфликтната ситуација со Косово.

На новинарско прашање дали Белград побарал помош од Русија за решавање на ситуацијата со Косово, таа одговорила: „Не, не побараа“, пренесува ТАСС.

Захарова изјави дека Русија го повикува Западот да престане да ги охрабрува приштинските екстремисти во дискриминација на косовските Срби.

Слични содржини