Захарова: Пресудата против Младиќ е лицемерна и пристрасна

од Vladimir Zorba

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека пресудата против Ратко Младиќ сведочи за пристрасноста на Хашкиот трибунал и дека неговата одлука е лицемерие.

„Одлуката уште еднаш покажа дека работата на меѓународните механизми за гонење на виновните за злосторства на територијата на поранешна Југославија за време на граѓанската војна е во пракса пристрасна во однос на една од страните“, рече Захарова во писменото соопштение.

Според неа, одлуката изгледа „лицемерна“, доколку се земат предвид одлуките на судот кога станува збор за Анте Готовина, Рамуш Харадинај и Насер Орлиќ.

Захарова изјави дека основните права на Младиќ биле загрозени за време на судењето и дека му било повредено правото на медицинска помош.

Таа додаде дека на адвокатскиот тим на Младиќ не му биле дадени целосни и соодветни информации за неговата здравствена состојба.

„Веруваме дека судот во Хаг треба да ги заврши своите активности што е можно поскоро со цел што поскоро да ја сврти оваа срамна страница во историјата на меѓународното право“, рече Захарова

Слични содржини