Захарова: Протерувањето на дипломати од Црна Гора нова епизода од хибридната кампања на Западот против Русија

од Vladimir Zorba

Москва го смета протерувањето на рускиот дипломат од Црна Гора како нова епизода од хибридната кампања што Западот ја започна против Русија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

„Тој чин на црногорските власти го доживуваме како уште една епизода од хибридната кампања на Западот и неговите послушници против Русија“, рече Захарова, пренесе ТАСС.

Според портпаролката на МНР, Марија Захарова, Русија го доживува овој потег како неподготвеност и неспособност на официјална Подгорица да се оддалечи од политиката на механичко следење на деструктивната линија на штета на меѓународната безбедност и сопствените национални интереси.

Слични содржини