Захарова: Радикални Албанци го претворија Косово во криминална црна дупка во Европа

од Vladimir Zorba

Радикалните Албанци го претворија Косово во криминална црна дупка во Европа, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

На редовниот брифинг со новинарите, таа ги коментираше новите напади врз српските цркви во Косово, нагласувајќи дека Русија отсекогаш го осудувала насилството на радикалните Албанци врз Србите и српските светилишта.

Захарова изјави дека Мисијата на ОН и ЕУ се најодговорни за обезбедување на безбедноста на објектите и верниците во Косово.

„Споменатите сили за Косово, цивилното меѓународно присуство, пред се, мисијата на ОН, мисијата на ЕУ, се должни да преземат мерки за обезбедување на безбедноста на верските објекти и верниците. И Русија упорно повикува на тоа. Ние силно го осудуваме насилството на радикалните косовски Албанци врз Србите и православните светилишта, кое трае со години, а не само инцидентите кои се зачестија во последно време. Ова најдобро ја покажува неодржливоста на квази-државноста на Косово и докажува дека овој регион е претворен во криминална црна дупка на картата на Европа“, рече Захарова.

Слични содржини