Захарова: Режимот на Зеленски го саботираше договорот за жито

од Nikola Popovski

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, го води Велика Британија, го саботирал договорот за жито за да ја додаде уцената на прехранбените производи на веќе постоечката нуклеарна уцена.

– Договорот за жито беше спречен од Зеленски и неговите терористи, предводени од британски шпиони, со цел да се додаде уцена со храна на нуклеарната уцена. Немаат доволно пари и оружје. Ним им треба повеќе смрт. Режимот во Киев стои на овој пеколен трон: пари, оружје, смрт – напиша Захарова на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој рече дека Русија со суспендирањето на учеството во договорот за жито ја блокира храната за седум милиони луѓе.

Русија вчера објави дека го суспендира учеството во договорот за жито по вчерашниот напад во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и врз трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Тогаш заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, објави дека Русија побарала Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи состанок во понеделник, 31 октомври, на кој ќе се разговара за нападот на бродовите на Црноморската флота во Севастопол.

Слични содржини