Захарова: Русија не бега од дијалог со НАТО

од Vladimir Zorba

Русија е подготвена за дијалог со НАТО, но без вклучување на воени експерти, нема смисла, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Русија не бега од дијалог со НАТО и е подготвена за реален разговор за деескалација и спречување на инциденти. Но, без вклучување на воени експерти, преговорите за овие теми практично немаат смисла“, напиша Захарова на својата страница на Фејсбук.

Претходно, во пресрет на самитот на Алијансата во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја покани Русија да учествува на состанокот на Советот Русија-НАТО.

Столтенберг рече дека има многу теми за дискусија во врска со заедничките интереси на НАТО и Русија и посочи дека „топката е на страната на Москва“.

Слични содржини