Захарова: Шведска е американска марионета

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на Телеграм се огласи во врска со  одлуката на Шведска да влезе во НАТО. Таа праша зошто не е одржан референдум за тоа во Шведска, истакнувајќи дека има мала јавна поддршка за пристапување во Алијансата.

Захарова тврди дека Шведска е марионета на Соединетите Држави: „Кога сме кај пријателите, забележливо е дека американските сенатори го посетија Стокхолм на денот на таа ‘историска одлука’, и тоа републиканскиот шеф на Сенатот Мич Меконел“.

Таа додаде дека „Шведска сè уште не ни влегла во НАТО, а Американците веќе ѝ диктираат што да му кажат на својот народ“, пренесува „Гардијан“.

Слични содржини