Захарова смета дека САД ги „туркаат“ Шведска и Финска во НАТО

од Nikola Popovski

Со „туркањето“ на Финска и Шведска да влезат во НАТО, САД им даваат одврзани раце на Русија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Фактот што Финска и Шведска сега работат под притисок на Вашингтон, но не нивните народи, туку нивните политички сили, им даваат одврзани раце на Русија“, рече Захарова во емисијата „Соловјов лајв“, пренесува Спутник.

Таа додаде дека мора да го имаат на ум тоа следниот пат кога ќе „измислат уште една руска закана“ за прехранбената и енергетската безбедност.

Претходно денеска, претседателот на финскиот парламент, Мати Ванханен, рече дека парламентот го одобрил барањето на Финска за членство во НАТО.

Шведската малцинска влада на социјалдемократите вчера ја официјализираше одлуката за поднесување барање за членство во НАТО.

Слични содржини