Захарова: Соработката меѓу Русија и Белорусија не е дел од плановите на НАТО

од Vladimir Zorba

Нормалната соработка меѓу Русија и Белорусија не е дел од плановите на НАТО, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Еве го одговорот на прашањето зошто Западот толку диво се фати за Белорусија. Нормалната и ефективна соработка меѓу двете земји не е дел од плановите на НАТО. Потребно е постојано да се мешаме во внатрешните работи на една држава, па на друга, или да се мешаме во двете истовремено, само за да не се дозволи природен проток на заемно корисна интеграција“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм.

Портпаролката исто така им посака на НАТО и на нејзиниот генерален секретар здравје „што е директно поврзано со надминување на старите фобии и ослободување од манијата на прогонство“.

Захарова предложи Алијансата да обрне внимание на внатрешниот тероризам во САД.

„Ова е она што итно треба да се позанимаваат земјите-членки, а не замислени закани“, нагласи таа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг претходно изјави дека членките на Северноатлантската алијанса се сериозно загрижени за соработката меѓу Русија и Белорусија и дека Алијансата е подготвена да ги заштити сојузниците од каква било закана што може да дојде од овие земји, доколку е потребно.

Слични содржини