Захарова: Средбата меѓу Лавров и Блинкен беше конструктивна

од Vladimir Zorba

Средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рејкјавик беше навистина конструктивна, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Како што нагласи таа, состанокот траел подолго од планираното.

„Медиумите кои присуствуваа на состанокот – американски, руски и локални новинари – беа малку зачудени од тоа колку тој беше конструктивен“, рече Захрова.

Според неа, обично медиумите, особено американските, дофрлуваат нешто од место за време на сликањето и ракувањето со нив.

Сепак, „овие фрази (на почетокот на состанокот) беа толку значајни и ги охрабруваа страните, делегациите, преговарачите да работат конструктивно“, што новинарите немаа никакви забелешки.

Средбата меѓу Лавров и Блинкен се одржа на маргините на министерскиот самит на Арктичкиот совет. Според рускиот министер, двете страни ќе подготват предлози за состанокот, вклучително и за прашањето за стратешката безбедност.

Според него, состанокот бил конструктивен, Русија е подготвена да ги „расчисти сите урнатини“ во односите со Соединетите држави, кои се појавија за време на последната администрација.

Слични содржини