Захарова за иницијатива на Украина: „Кучињата лаат по караваните, а караваните поминуваат“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го коментираше повикот на Киев за исклучување на Русија од Обединетите нации со поговорката „кучињата лаат по караваните, а караваните поминуваат“.

„По тој повод не треба ништо да се преземе. Низ историјата Украина преживеала различни личности, а во изминатите години и децении имаше многу никаквеци кои целосно ја уништија и ја турнаа на работ на пропаст“, изјави Захарова за „Спутник“.

Според неа, Русија треба соодветно да ја гради државната политика.

„Апсолутно не вреди да се слушаат оние болни изјави во кои нема историска суштина, логика или разбирање“, оцени Захарова.

Министерството за надворешни работи на Украина претходно побара Русија да биде исфрлена од Обединетите нации, иако тоа е невозможно според Повелбата на организацијата, во која Русија има право на вето во Советот за безбедност на ОН, кој е главното тело на ОН.

Слични содржини