Захарова за Пендаровски: Навредите против Русија се обид да се заслужи наклонетост во очите на Брисел и Вашингтон

од Vladimir Zorba

Во интервју што беше објавено неодамна, претседателот на Република Северна Македонија (РСМ) Стево Пендаровски упадна во лавина остри обвинувања против Русија, вклучително и мешање во внатрешните работи на неговата земја. Како што е вообичаено, тој не обезбеди никакви докази и се ограничи на општи фрази засновани на „достапни поврзани информации“, реагира портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова.

„Овој демарш на северномакедонскиот лидер очигледно е спакуван за да ја натера широката публика да помисли дека неговите изјави се засноваат на сложена аналитичка работа изведена од авторот и неговиот тим, чии неласкави резултати тој е принуден да и ги претстави на јавноста. Всушност, имаме работа со желбата на лидерот на РСМ да не испадне од редот на западните пропагандисти кои продолжуваат со бесрамниот информативен напад против нашата земја. Јасно е дека навредите против Русија се обид да се заслужи наклонетост во очите на Брисел и Вашингтон и, притоа, да се оттргне сопствениот народ од тешкотиите што се наоѓаат, и да се прикрие помирувачката политика на еднострани отстапки што Скопје ги практикува во нејзините односи со соседите од ЕУ.

Русите ги третираат Македонците со искрена почит, како браќа. Историските врски меѓу нашите народи се отпорни на искушенија како антируската хистерија на северномакедонските власти, која, за жал, зема замав без никаква причина“, изјави Захарова по тој повод, цитирана од руското МНР.

Слични содржини