Захарова за труењето на Навални: Тоа се неосновани тврдења

од Stefanija Kuzmanovska

Германија треба да објави видеото кое покажува како експертите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) зеле примероци за анализа од рускиот опозиционер Алексеј Навални, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Ова е провокација која очигледно набрзина беше замислена во евро-атлантските земји. Секој што сериозно би ги анализирал овие откритија би имал бројни прашања за тоа што навистина му се случило на Алексеј Навални. Во овој момент, ние би им предложиле на нашите колеги од Германија да ѝ го покажат на меѓународната јавност видеото што експертите на ОПЦВ мораа да го направат за време на земањето биолошки примероци од Алексеј Навални во болницата Шарите. На крајот на краиштата, ова е пропишано со Конвенцијата за хемиско оружје и нејзиниот анекс во врска со верификациите. Без овие докази, многу е тешко да се поверува дека труењето на Алексеј Навални навистина се случило – рече Захарова.

Недоследностите во извештајот на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) за инцидентот со рускиот блогер Алексеј Навални потврдуваат дека овој инцидент всушност бил оркестрирана провокација, заклучи претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Претставникот на Министерството за надворешни работи на Германија, Рајнер Бројл, рече дека разликите во нацрт-извештајот на ОПЦВ во делот што се однесува на наводното труење на Алексеј Навални се предизвикани од грешка во датумот.

Тој потврди дека пропустот е коригиран во друга верзија на текстот.

Слични содржини