Зајкова до ВМРО-ДПМНЕ: Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови

од Берта Китинска

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен, вели пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во врска со изјавите на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Стоилковски кој ја повика пратеничката да одговори дали има имот легализиран со лажна изјава.

-Денешните напади против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ. Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина, појаснува Зајкова.

Таа вели дека ваквите прес-конференциии на опозициската партија нема да ја обесхрабрат туку напротив како што таа вели ќе се мотивира уште повеќе да работи за европската перспектива на нашата држава.

-Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови. Сакам да им порачам на колегите од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава. А вие, продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња, вели Зајкова.

Според наводиет на опозициската партија, имотот на Маврово, во Трница, е криминално легализиран.

-Објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. Според новинарското истражување објавено во јавноста, Зајкова поседува имот легализиран врз основа на лажна изјава, односно изјава за времето кога објектот бил граден, односно изјава со која што се тврди дека објектот бил граден пред 3-ти март 2011 –та година како основа за негова легализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини