Зајкова: Многу е тешко да се биде жена во политиката бидејќи секогаш сте поинтересна мета отколку мажите

од Берта Китинска

Трендот жените да се активни во политиката е се поголем предизвик и за партиите. Не дискутираме за проблем, туку за иднина и подобри решенија. Прашувате либералка која цел живот е растена со тоа дека жената и мажот се еднакви во сите одлуки во домот,но и при вршење на професиите и економската независност, така што тоа го гледам кај мојата и идната генерација, вели вели пратеничката од редовите на ЛДП Моника Зајкова во интервјуто за „Стандард“ .

Во врска со заминувањето на малдите од земјава Зајкова вели дека  иселувањето на младите, непотизмот и партизираноста треба да се работи постојано.

-Мора да се разбере дека за било која позиција треба да се вреднува квалитетот, а не партиската припадност.Секој кој е квалитетен кадар треба да добие еднаква шанса. Меѓутоа праксата воспоставена од минатото е многу тешко да се искорени. Јасно е дека не може да се сите политички активни и дека уставно загарантирано право е правото на работа. Многу е важно да сфатиме дека не може сите да работат во државна администрација, дека треба да работиме повеќе на развивање на претприемачкиот дух кај младите,објаснува Зајкова.

Според пратеничката од ЛДП за да нема загадување на воздухот  потребно е пред се да ја чуваме природата.

– Нам ни е потребно природата да ја чуваме, да тргнеме секој од себе, да правиме мали чекори но големи за нашата животна средина. Тажно што сеуште Скопје нема гасификација. Како пратеничка во Собранието заедно со уште неколку пратеници и од власта и од опозицијата по барање на О2 Иницијатива основавме неформална група која треба да работи токму на оваа тематика односно да генерира еко политики за подобра животна средина. Иначе лично јас како Моника Зајкова, избегнувам да користам пластика, не фрлам отпадоци на улица, а кога е поубаво времето често знам да одами пешки на работа, вели Зајкова.

Слични содржини