Закажан разговор меѓу Џо Бајден и Си Џинпинг, ќе расправаат за важна тема

од Stefanija Kuzmanovska

Тензиите околу Тајван и војната во Украина најверојатно ќе бидат теми на телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Си Џинпинг, што се очекува оваа недела, објави Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека економското ривалство на двете земји најверојатно ќе биде меѓу темите на разговор, пренесе „Ројтерс“.

Бајден во понеделникот најави дека ќе разговара со кинескиот лидер во текот на неделата.

– Ова е разговор кој е закажан долго време и веќе има сериозен број работи за кои двајцата лидери ќе разговараат – рече Кирби.

„Ројтерс“ додава дека тоа ќе биде петти телефонски разговор меѓу Си и Бајден.

Слични содржини