Закажано судењето за нападот врз Пендиков

од Vladimir Zorba

Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид пред десетина дена поднесе обвинение против две лица за нападот врз Пендиков.

Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информирале од Обвинителството, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет засега е недостапен и по него се трага.

Слични содржини