Закажано судењето за екс-генералниот секретар на Владата

од Берта Китинска

Судењето за поранешиот генерален секретар на Владата, Драги Ршковски е закажано за 25 јануари.

Основен кривичен суд Скопје на 29 декември информираше дека еск-генералниот секретар на Владата, наскоро треба да седне на обвинителна клупа, откако судот го одобри во целост обвинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година.

Екс-генералниот секретар на Владата е обвинет дека купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.

Рашковски тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.

Слични содржини