Заклучоци од политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ: Над 120 милиони евра за проекти, со акцент на инфраструктурата

од Destan Jonuzi
87 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Заклучоците од саемот на промени што носат иднина рече дека околу 125 милиони евра се вложени во проекти за период од 365 дена.

Тоа е навистина сериозна бројка. Владата ова ни го ветуваше за изминатите шест години. Ветуваа дека ќе изградат над 600 километри автопат, 1000 километри регионални, но и илјадници локални патишта. Сега прашањето е дали даваат доволно средства кон општините за да се реализираат тие илјадници километри патишта. Самата Влада тоа не може да го направи, тие ветени илјадници локални патишта ги нема, ама затоа ги прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ или вие имате стотици километри локална патна инфраструктура, тоа е важно за да се реализира ветеното, рече Мисајловски кој ги повика градоначалниците да продолжат да градат и да даваат максимум како да дојдат до поголем буџет.

Наскоро ќе има парламентарни избори и ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе се почувствува разлика. Слушнав за оваа година имало околу 4-5 милиони евра инвестиции за зеленило, за екологијата, 8 милиони евра за градинки, училишта. Ако нешто е бренд на ВМРО-ДПМНЕ тоа се проектите, посочи Мисајловски.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на заклучоците од политичкиот саем пред присутните истакна дека посветената работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ овозможи да може да се одржи еден ваков импозантен настан кој прв пат се случува во Македонија, и настан во којшто пред се тие се препознаени, знаејќи дека функцијата градоначалник игра силна улога во нивните средини и тие како такви се двигатели на процесите и носат развој за самите општини.

Сите општини водени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани, чувствуваат дека во тие општини има новости, има разлика, проекти инвестиции. За година дена е реализирано онолку колку што не е реализирано за претходните 4 години. Тргнавме и сме на прав пат. Преку градоначалниците кои се претставници на ВМРО-ДПМНЕ, преку вас се добива слика за партијата во средините од каде доаѓате, потенцираше Сајкоски обраќајќи се до градоначалниците.

Тој посочи дека на улогата градоначалник една од најзначајните работи е да се направи увид во работата на претходната самоуправа и претходната администрација за се утврдат грешки, недостатоци за да се утврдат работи за како новата локална самоуправа не треба да ги прави.

Затоа неопходно беше да се направи таков увид и се што ќе биде земено предвид да биде пренесено до надлежните институции. Тоа е ваша задача, обврска и ќе ви биде од голема помош за понатамошното работење како локална самоуправа, како администрација и вие како одговорни за раководење. Функцијата градоначалник носи предизвици, вие треба да бидете балансери, да градите кохезија во општините, треба да се има соработка со советот, малцинските заедници, и да правите проекти потребни за граѓаните од општината, истакна Сајкоски.

Сајкоски посочи дека радува фактот што сите проекти досега се значајни и носат придобивка на граѓаните и ја зголемуваат вредноста и го подобруваат квалитетот на живот и таков тренд треба да има понатака.

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ вели дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се херои. И не случајно го употребува зборот херои затоа што зад себе имаат 365 дена борба во едни ненормални услови, како економски така и енергетски, така и со една власт која што освен корупција и криминал ништо друго не ја интересира.

61% од сопствените приходи на нашите градоначалници се зголемени, тоа е многу сериозна бројка и тоа кажува колку всушност нашите градоначалници работеле посветено, внимателно и чесно. Прво, тоа укажува на фактот дека нивните претходници кои што беа од некои други редови односно повеќето од нив беа од СДСМ не работеле како што треба, ниту имале грижа кон општината. 61% повеќе кај нас, 63% помалку кај нив. тоа значи дека се работело посветено, но во исто време мора да земеме во предвид дека ниту една даночна стапка не беше зголемена. Ако погледнеме што се случува денес, и на што се базира буџетот за 2023-та година ќе видите дека таму имаме некои даночни реформи кои што значат повисоки даночни стапки. Значи нашиве градоначалници во вакви тешки услови успеаја да остварат нешто повеќе, многу повеќе со исти даночни стапки. А, овие од пусто крадење не можат да се борат со сивата економија, и не се борат со тој дел и за сметка на тоа повторно оние граѓани кои што регуларно и навремено плаќаат, ќе плаќаат повисоки стапки, заклучи потпретседателката.

Димитриеска Кочоска посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ борејќи се со високите сметки се фокусирале точно таму каде што треба, односно тоа што им останало на располагање да го искористат за повторно тоа што го добиваат да го вратат на граѓаните низ најразлични проекти кои што се реализирани.

Ќе биде тешко и во периодот кој што следи и мене многу ме загрижува значи воопшто целокупната економија. Ако нели ги погледнеме бројките, трансферите особено кон скопските градоначалници од централната власт се сериозно намалени. А, имаме општини во Скопје кои што кога нашите градоначалници ги превземаа, ги превземаа со огромни долгови. Пример е Ѓорче Петров, Александар е градоначалник кој што е многу посветен, чесен и работи, но не можеше можеби многу повеќе да направи затоа што мораше да врати стари долгови, појасни Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека во однос на трансферите од централната власт, следната година Буџетот е проектиран како никогаш досега со огромен раст на приходната страна, повторно цените на производите кои што ги плаќаат граѓаните ќе растат. И покрај тоа што власта гледа дека трговијата на мало за храна и пијалоци се намалува, значи граѓаните се помалку количински купуваат, тие повторно проектираат високи стапки на инфлација што покажува дека воопшто не се заинтересирани од власта да се справат со тој проблем.

Сметам дека нема да можат да ги остварат тие приходи кои што ги планираат поради тоа што граѓаните нели ќе немаат средства, ќе нема како да купуваат. Се помалку ќе се купува и тоа најнеопходното. Како резултат на тоа нема да се реализира и сметам дека следната година нашите градоначалници уште повеќе ќе страдаат затоа што тие трансфери од централната власт повторно кон нив ќе се намалуваат. Во исто време не гледаме воопшто никакво кратење на расходната страна, дури и оние сомнителни разни трансфери во континуитет растат, не гледаме помош ниту за стопанството, ниту за граѓаните. Ќе биде многу тепка година, но сметам дека нашите градоначалници ќе успеат со уште подебели резултати да бидат, заради тоа што веќе на некој начин значи знаат со што се справуваат, знаат како да се реорганизираат, знаат како да планираат и очекувам уште поголеми значи средства насочени кон капиталните проекти, нагласи таа.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за една година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се работи повеќе и помотивирано во едни комплицирано услови и од политички и од финансиски аспект.

Во овие година дена покажавме дека може подобро, дека може повеќе, помотивирано во едни комплицирано услови и од политички и од финансиски аспект. Финансиски аспект и заради состојбите во кои што се затекнаа општините, но и заради кризата која што е дел предизвикана од војните случувања во Украина, но голем дел е и заради неспособноста на Владата, а политичките заради целосната блокада која што владата предводена од СДСМ и ДУИ ја прави на општините затоа што не размислуваат за доброто на граѓаните, туку размислуваат исклучиво да направат пакост, на тој начин лечејќи ги барем привидно раните од големиот пораз кој што им се случи минатата година. Но тоа ќе биде за кратко и за многу брзо време ќе можеме да видиме една синергија помеѓу централната и локалната власт кој што ќе донесат бројни проекти во корист на граѓаните, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање укажа дека секој еден граѓанин се интересира се подобрување на животниот стандардот и борба со организираниот криминал и корупција.

Во искористувањето на секоја една можност која што стои пред општините пред се за финансирање дали се тоа грантови или поволни кредитни линии кои доаѓаат од бројни меѓународни институции и кој што ги мотивирам општините да користат затоа што се работи за свежи средства кој што влегуваат во општините и не можат на друг начин да бидат генерирани како и за општините кои се во пограничните региони особено е значајна прекуграничната соработка со другите општини на другата страна на границата како би можеле да се реализираат посериозни инфраструктурни зафати, како и проекти во делот на туризмот, во делот на соработката и зближувањата на народите. Она кое е многу значајно и за кој секој еден граѓанин се интересира се подобрување на животниот стандардот и борба со организираниот криминал и корупција. Она кое го направија општините и што мислам дека е многу значајно е во февруари месец кога изби конфликтот во Украина и кога беше јасно дека голем број странски инвеститори кои беа таму и ќе ја напуштат Украина заради тоа што се случува таму, градоначалниците испратија писма до сите инвеститори кои што веќе се присутни во Македонија или не се присутни во Македонија, а имаат свои капацитети таму бидејќи им ја дадоа својата поддршка во општини кои што ги водат да дојдат и да инвестираат во соодветната општина. Тоа даде одредени резултати. Мислам да беше владата поангажирана и истото да го направеше владата преку економскиот им на владата, но и преку Агенцијата за привлекување на странски инвестиции како и преку дипломатската мрежа на Македонија ќе имаше далеку поголем ефект, но јасно е дека не сакаат да привлекуваат странски инвестиции, кажа Николоски.

На крајот од своето обраќање Николоски порача: Ова треба да ни е фокус во следниот период со нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да заеднички се спојат општините и владата и да се створат најдобри можни услови за привлекување на странски инвестиции како и да се даде помош на домашните инвеститори.

Слични содржини