Закон за конфискација: Осуденици кои чекаат да излезат од затвор нема да може да уживаат во нелегалниот имот

од Берта Китинска

Наскоро ќе го имаме нацртот на новиот закон за конфискација на имот и во месец септември  ќе започнат јавните дебати, разговорите  со универзитетската јавност, поточно со сите засегнати страни,  како и политичките чинители во општеството, рече во гостувањето во вестите на Канал5 вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

-Ова е работа што се прави по 30 години, се отстрануваат слабостите на системот кои ги имаме во моментот ,а преку кои не доаѓа до конфискација на имотот кој е стекнат на незаконски начин. ДКСК има надлежност за проверка на потеклото на имот на функционерите додека се на функција, но не и потоа, тоа  мотивира процеси во кои се префрла  имот на трети лица, затоа со новиот закон тие ќе бидат демотивирнаи да прифатат вакви услуги затоа што ќе се проверува токму имотот и на тие лица, а законот ќе има соодветни механизми со кои ќе треба да се декларира имотот, да се понудат докази за потекло на имотот во одреден рок и ќе има соодветен лимит кој ќе се проверува, појасни тој.

Николовски потенцираше дека засега во нацрт верзијата е ставена сума од 30.000 евра, но како што рече низ собраниската процедура, владина и таа на јавноста ќе се менува.

-Оваа сума е ставена согласно ЕУ и искуствата на многу држави. На овој начин ги отрануваме слабостите кои ги имаме во кривичните постапки, на некои начин имаме кривични пресуди но конфискацијата не е можна, затоа овој закон предвидува граѓанска кофискација на незаконски стекнат имот и  не може луѓе кои имаат правосилни пресуди, кои се во затвор и кои чекааат да излезат и да уживаат во благодетите на имотот кој го стекнале токму на нелегален начин дури и за дела за кои се осудени, рече Николовски.

Слични содржини