Законот за служба во Армија се најде под амандманска блокада

од Andreja Salpe

Откако ВМРО-ДПМНЕ во петокот поднела 2.000 амандмани, Законот за служба во Армијата не го помина второто читање во Комисијата за одбрана и безбедност поради амандманска блокада.

Претседателот на собраниската Комисија, Миле Талевски, истакна дека целта е да се блокира донесувањето на законот со кој се регулира доплата на стажот на офицерите до пензионирање како и забраната за членување на офицери да бидат членови во политичка партија.

Пратеникот и член на Комисијата Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ на прес-конференција рече дека целта на поднесените амандмани е подобрување на условите за пензионирање и давање можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на законот со остварување право на пензија со навршување 40 години стаж или со навршување 55 години возраст.

-Доколку ова не биде на овој начин регулирано како што бараме, ќе се појави контрадикторност и ќе се изгуби смислата од потребата на бенифицираниот стаж, рече Стојаноски.

Слични содржини