Закрепнувањето на криптовалутите продолжува: Се предвидува раст до 50.000 долари

од Stefanija Kuzmanovska

Закрепнувањето на криптовалутите продолжи благодарение на стабилизацијата на пазарот, благото смирување на инфлацијата, а особено по испумпувањето на пари во американската економија по ненадејниот неуспех на Банката на силиконската долина, пренесува „Капитал“.

Благодарение на ова, но и на инјектирањето на 300 милиони долари во американската економија како дел од одговорот на банкарската криза, Биткоинот продолжи да закрепнува и конечно ја промени својата вредност, достигнувајќи 28.580 долари.

Зад него расте и Етеријумот, кој моментално е стабилен на 1.784 долари, односно се приближува до магичната бројка од 1.800 долари.

Вредноста на криптовалутите драстично порасна во последните десет дена по одлуката на американските власти да интервенираат и да ги спречат загубите предизвикани од банкротот на Банката на силиконската долина (СВБ).

Најголемата криптовалута Биткоин, која со недели не можеше да се стабилизира или да достигне 25.000 долари, сега се приближува до 30.000 долари.

Некои американски експерти за криптовалути предвидуваат раст до 50.000 долари во следната година.

Слични содржини