Заложничка драма вечерва во маркет во Карпош 3

од Radmila Tasevska

Пукање ги вознемири вечерва жителите на Карпош 3 по разбојништво во еден маркет, дознава 24Инфо.

Според изјави на очевидци, разбојници влегле во маркетот со намера да го ограбат. Најверојатно не успеале во намерата па биле затекнати од граѓани или полицијата.

При тоа се обиделе да се заштитат со вработените во маркетот, но излегле. Потоа се слушнале повици СТОЈ од полицијата и пукотници. За кратко време дошле неколку полициски возила со специјалци.

Засега нема потврда од МВР, пишува порталот.

Слични содржини