Заложничка криза во Санкт Петербург: Пијан и вооружен маж држи шест деца во стан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружен маж држи во заложништво шест деца во стан во предградието на Санкт Петербург Колпино.

Безбедносните сили истакнуваат дека напаѓачот бил пијан и вооружен со секира. Полицијата е на лице место, пренесува Спутник.

Според неофицијални информации, осомничениот се вика Денис Белтјуков (38).

„Не ја отвора вратата, не одговара на телефон“, изјавила сопругата на пијаниот маж, додавајќи дека низ вратата се слуша детски плач.

Според медиумите, најмалото дете има само три години, додека најстарото има 15 години.

Тој наводно ѝ се заканувал на полицијата од прозорецот да не му приоѓа, а потоа му ставил нож на грлото на едно од децата.

Полицијата е пред станот и се обидува да преговара со него. Тој се заканува дека ќе ги искасапи децата со секира. Тој, наводно, бара неговата сопруга веднаш да се врати во неговата куќа, или во спротивно ќе ги убие децата.

Според други наводи, тој не упатил никакви барања додека полицијата се обидувала да преговара со него.

Според некои медиуми, жената ја повикала полицијата, откако тој пијан ја исфрлија од станот и се заклучил внатре со деца. Тој наводно ја обвинил дека го изневерува и ја избркал од дома.

Слични содржини