Заменик генералниот секретар на НАТО во посета на Тирана

од desk2

Албанија како членка на НАТО нè прави побезбедни, изјави денеска во Тирана, заменик генералниот секретар на Алијнсата, Роуз Готемелер по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати.

Високо оценувајќи го придонесот на Албанија во НАТО, на заедничката прес-конференција со Бушати, Готемелер се задржа на сосотојбата во регионот, додавајќи дека Северноатланската алијанса го зајакнала понатамошниот практичен ангажман на Западен Балкан.

– НАТО го подржува дијалогот со посредство на ЕУ меѓу Приштина и Белград како единствен пат за мирот и стабилноста во регионот. Ние очекуваме Албанија да продолжи да го користи своето влијание во овој процес, а Белград и Приштина да покажат смиреност и воздржаност, изјави Готемелер.

Таа нагласи дека следната година, кога се слави 70-годишнина од основањето на НАТО, ја очекува Албанија да присуствува на овој настан, кој се совпаѓа со десетгодишнината од членството на земјата во Алијансата.

– Ја изразив нашата подготвеност да соработуваме понатаму, со цел зракот на стабилноста на НАТО во нашиот регион и пошироко биде неприкосновен. Информирав исто така дека нашата земја го зголеми буџетот за одбраната, за да продолжи со својот придонес во мисиите и операциите на НАТО, изјави меѓу другото Бушати, кој виско го оцени присуството на КФОР во Косово.

Заменик-генералниот секретар на НАТО, според албанските медуми, како главните безбедносни закани во регионот ги посочила „агресивното мешање на Русија, најновото прекршување на договорот за интерконтиненталниот ракетен штит, но и борбата за влијание во Западен Балкан“.

Посетата на високата претставничка на НАТО доаѓа по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата одржана во Брисел.

Во рамки на престојот Готемелир ќе се сретне и со министерката за одбрана Олта Џачка, премиерот Еди Рама и претседателот Илир Мета.

Слични содржини